Димовски во Обвинителството ќе даде исказ за настаните во Собранието

Пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски, обвинет за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година, денеска дава исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во Обвинителството досега искази дадоа пратениците Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Тие се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните што се случија во Собранието во април минатата година.