ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на власта

СДСМ и Зоран Заев ги разочараа и измамија младите.

Ваквите празни соопштенија од страна ан СДСМ значат само потценување на интелигенцијата на младите во Република Македонија.

Младинска гаранција, изградба на студентски град во првите шест месеци како и подобрување на студентскиот стандард, погодности за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои остануваат само празно слово на хартија.

Кога СДСМ пишува за реновирање на студентски домови и ученички домови дали може да каже на кои студентски и ученички домови поточно мисли?

На младите им е јасно дека тие не постојат за оваа криминална власт која води грижа само за криминални тендери, корупција, рекетирање, поткуп, уцена и закани.

Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев и затоа СДСМ мора да си замине колку побрзо толку подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *