Што знае Катица Јанева за Зоран Заев и неговите крими соработници па јавното обвинителство не смее да ја осомничи и да ја приведе Јанева? Колку се загазени во криминал и рекет Зоран Заев, втората дама на невладината Ременски и останатите функционери на СДСМ кои што се фотографираа и го поддржуваа Боки 13?
Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес?
Да почнеме од последниот случај, во СЈО се врши „трајно бришење на компјутери“ со цел безбедносно отстранување на евентуално зачуваните разговори. Ова значи дека со налог на Катица Јанева неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини, на тие компјутери.
Дали со одложувањето на акцијата на Русковска обвинителството се купува време за Катица Јанева, да избрише докази или да влијае врз сведоци?
Впрочем дека нешто се прикрива, а за тоа Русковска обвинителството молчи, доказ е и телефонот на Катица Јанева. Тој прво беше пријавен за изгубен во Белград, па потоа мистериозно пронајден кај девојката на синот на Јанева, за сега да се утврди дека бил целосно форматиран, односно од него се избришани сите податоци кои можеле да бидат дел од истрагата. Патем идната снаа на Јанева која што го поседувала телефонот била дел од структурите СЈО на Јанева.
Очигледно дека не само што цело СЈО е ангажирано за бришење на трагите на вмешаност на Катица Јанева во „Рекет“, скандалот октопод, туку гледаме дека и обвинителството на Русковска при очи не прават слепи и случајот од петни жили се обидуваат да го ограничат само на двајцата осомничени Бојан Јовановски, Боки 13 и Зоран Милевски, наречен Кичеец.
Да потсетиме дека Катица Јанева подигна и крајно сомнително боледување од докторка чиј што сопруг е исто така вработен во СЈО.
Врти, сучи – сите индиции покажуваат дека покрај Катица Јанева веројатно речиси цело СЈО знаело за рекетарските активности кои сега на секаков начин се обидуваат да ги избришат. Тоа за жал се уште не е доволно Русковска обвинителството да влезе во СЈО, да приведе осомничени и да заплени доказен материјал.
Русковска обвинителството ја прави јавноста недоветна. Две недели откако се отвори случајот се уште уапсени се само Боки 13 и Кичеец иако сите знаат дека висок обвинител на звучник учествувал во изнудата и во рекетот. Јавноста знае дека Боки 13 рекетот немало да го изнудува доколку зад него не стоеле високи обвинителски структури од СЈО и високи функционери од владејачката СДСМ.
Провиден е обидот со тенденциозно водење на предметот да се заштитат лицата кои се дел од власта на Заев. Доволно е само да се испита невладината организација на Боки 13 и да се влезе во СЈО и целата рекетарска мрежа ќе биде разоткриена. Само така ќе се дознае за сите ликови од рекетарските приказни во јавноста и за Кики, Фрики, и Шеки, и Раки и многу други. Но стравот на Русковска обвинителството е веќе кристално јасен, дека ако професионално истражува постои можност да утврди дека сите рекетарски патишта на крајот може да доведат до највисоко, односно до премиерот Зоран Заев.