–Проектот е во вредност од 12.542.612 денари, од кои 7.625.041 денар обезбеди Центарот за развој на Источниот регион, преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а 4.917.571 денар ќе се обезбедат од Буџетот на општина Пробиштип, како кофинансирање , вели Анастасов.
Тендерската постапка за изградбата на регионалниот туристичко – научен музеј за ретки минерали во Пробиштип е во тек. Здравева и Анастасов очекуваат до крајот на август избраниот економски оператор да биде воведен во работа, со што најдоцна до мај 2020 година целосно да заврши изградбата на музејот.
Оваа година средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој за реализација на проекти добија општините Берово, Зрновци, Чешиново-Облешево и Пробиштип.