Галовеј со поддршка на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер излезе со поддршка за отворањето на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести.

Амбасадорката нагласува дека Велика Британија издвоила 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан.

-Го поздравуваме отворањето дебата за борба против дезинформации и лажни вести. Велика Британија издвои 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан, средства со кои се поддржува слободата на говорот и се овозможува зголемување на избалансирани и непристрасни содржини, вели Галовеј во својот твит.