Преработувачките капацитети во декември биле искористени со над 60 отсто

Просечното искористување на капацитетите на компаниите во преработувачката индустрија во декември е 66,3 проценти од нормалното искористување, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,4 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,6 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 19,4 проценти и неизвесното економско опкружување со 11,7 проценти.

Според статистичките податоци, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна, а и залихите на готовите производи се намалени во однос на ноември.

Очекувањата за обемот на производство во наредните три месеци се поповолни, а се очекува и зголемување на бројот на вработени.