Роденден на уметноста во Младинскиот културен центар

Младинскиот културен центар, кој во декември одбележа 45 години постоење, задутре шести пат ќе ја организира манифестацијата Роденден на уметноста, со која ќе ги почне активностите во 2018 година.

Вечерта на 18 јануари МКЦ планира повеќе настани – во галеријата ќе биде отворена изложба на фотографии „Гледај во позитив“, на која ќе се претстават тројца фотографи: Наке Батев со фотографии на тема „Втора шанса“, Томислав Георгиев со „Effegies“ и Огнен Теофиловски на тема „И јас имам сон“.

Во Џебното кино ќе биде изведен перформансот „Каде одат претставите што не се случуваат?“ – авторски проект на Драгана Гунин, а како и во минатите години во кино „Фросина“ ќе се одржи поетскиот настан „Песнило“ со настап на млади поети. Во кино „Милениум“ ќе има филмски маратон.

Во музичката програма се најавени бендовите „Обојени програм“, „Милко“, „Визељ“, „The Local Blue“ и диџеј сет на „Funky Fresh.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *