Познат составот на меѓупарламентарната делегација ЕУ – Северна Македонија

 Европскиот Парламент го одобри сотавот на 44 меѓупарламентарнит делегации кои ги одржуваат парламентарните односи со други држави, региони и организации, меѓу нив и делегацијата за односи со Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата брои 13 членови и 13 заменици.

Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија), а заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Мариа Спираки (Грција).

Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), а заменици  Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаи Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.

Од групата на поранешните либерлаи, сега  Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).

Членови на делегацијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).

Од групата Идентитет и демократија член е Масимо Казанова (Италија), додека заменикот не е назначен се уште.

Членови од групата на Европските конзервативци и Реформисти е Ангел Џамбазки (Бугарија) и како заменик Богдан Ржонца (Полска).

Од независните европратеници во ниту една група се Лефтерис Николау-Алаванос (Грција, комуинист) и Анунзиата Мари Рис-Мог (Велика Британија, Брегзит партија, двајцата заменици доаѓаат исто така од Велика Британија од Брегзит партијата Џонатан Булок и Матејо Ричар Патен.

Меѓупарламентарните делегации работат на одржување на односите и размената на информации со пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, за промоција на основните вредности на ЕУ: слободата, демократијата, почитувањето на човековите права и основните слободи и владеењето на правото.

Одобрувањето на составот на делегацијата на пленарната сесија на Европскиот парламент, се прави врз основа на внатрешните одлуки на политичките групи и независните членови на ЕП. Во составот на делегацијата мора да се обезбеди правична застапеност на земјите-членки, политички мислења и родовата припадност.

Претседателот и потпретседателот на делегацијата ќе бидат избрани на основачкиот состанок на делегацијата, што треба да се одржи во септември.