Националната радио телевизија (НРТ) доби можност за полесен пристап до склучување договори за права од меѓународни спортски натпревари и настани кои претставуваат посебен јавен интерес за граѓаните, беше одлучено на денешната владина седница.
– Владата на денешната седница го прифати како свое мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација за согласност на барањето за давање на автентично толкување на член 105 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесено од пратеникот Драган Данев, соопштија од владината прес-служба.
Оттаму посочија дека членот 105 од Законот за ААВМУ предвидува дека Националната радио телевизија (НРТ) може да остварува дополнителен приход од продажба на програма и услуги, како и од комерцијални комуникации и со барањето за автентично толкување се отвора можност на НРТ да ѝ биде олеснет пристапот за склучување договори за права од меѓународни спортски натпревари и настани кои претставуваат посебен јавен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.