Почнува 58. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционално со концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ на сцената во Долни Сарај вечер почнува 58. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Покровител на Фестивалот е Собранието на Република Северна Македонија, со поддршка на Министерството за култура. На отворањето на фестивалот, како што соопшти собраниската прес-служба ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Манифестацијата, која ќе трае до 8 јули, е во организација на центарот за култура „Григор Прличев“.

На фестивалот ќе учествуваат културно уметнички друштва од земјава и регионот, кои пред почетокот на официјалниот дел ќе продефилираат низ Охридската чаршија.

Во рамките на фестивалската програма предвидени се изложби и кратки филмови.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите, според организаторот, придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот.