Средба Димитров – Коѕијас

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа во емисијата 24 Анализа изјави дека средбата меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Во грчките новинарски кругови се шпекулира дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.

Македонското МНР потврди за МИА дека Димитров утре ќе се сретне со Коѕијас.

Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Местото и времето на средбата не беа соопштени.

Средбата преку соопштение испратено до новинарите, јавува дописникот на МИА од Атина, ја соопштија и од грчкото МНР.

Но и официјална Атина, не открива детали, ниту каде нити во колку часот ќе се сретнат шефовите на двете дипломатии.