ТАТКОВИНАТА НЕ Е ЛИЧНА ИЛИ СЕМЕЈНА СОПСТВЕНОСТ НА ЗАЕВ ЗА ДА СИ ИГРА СО НЕЈЗИНАТА ИДНИНА! ПОПИС МОРА ДА ИМА И ЌЕ ИМА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ И СПЕЦИФИКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!
Пред повеќе од 1 година, актуелниот Директор на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски почна да ја подготвува јавноста за новиот пазар Заев – Ахмети. Неговиот став тогаш беше дека на пописот во 2020 не требало да се попишува етничка припадност бидејќи тоа било стара пописна категорија која била важна само во поранешна Југославија. После жестоките критики на јавноста Немакедонската Влада се повлече од првичниот предлог ама сега скандалозно во законот кој се обиде на брзина да го протне, утврдила дека ќе се попишуваат сите кои имаат Македонски матичен број. Тоа е нова формула како да се сокрие реалната бројка на Албанската заедница.
Македонската Алијанса побара ПРЕД да се отвори прашањето за двојазичност на цела Македонска територија да се направи попис. Впрочем, Заев ја прифати уцената на Ахмети и ДУИ и во Уставот лажно вметна дека Рамковниот Договор е конститутивен елемент на современата Македонска Држава. А тоа значи дека Албанците ги стекнуваат правата врз основа на тоа дали се 20% од вкупната популација која живее и работи во Татковината.
ЗАЕВ НЕ МОЖЕ НА ЗЕЛЕНА МАСА ДА ГИ РАЗДАВА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! И НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА АХМЕТИ ДА ГИ ТРГУВА НИВНИТЕ ЧОВЕКОВИ И ДЕМОКРАТСКИ ПРАВА ЗА ДА ТОЈ И НЕГОВИТЕ ГИ УЖИВААТ ПЛОДОВИТЕ НА ВЛАСТА КАКО ПАРТНЕР ВО СИТЕ ВЛАДИ!
Македонската Алијанса го реафирмира своето барање Претседателот на следната Државна пописна комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе предложен од Македонската дијаспора и кој не бил вклучен во претходните срамни политички пазари.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски