ЗАЕВ НЕ СМЕЕ ДА СЕ КРИЕ НА ОВАА ТЕМА! ЈАВНО ДА СООПШТИ ДАЛИ ИМ ВЕТИЛ НА БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОТВРДИ НИВНАТА НАЛУДНИЧАВА ТЕЗА ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН?

После заканата на Захариева – или ќе признаете дека Гоце Делчев е Бугарин или нема ЕУ, нема појасна потврда дека сме во право кога предупредуваме дека предавствата на Пендаровски, Заев, Шекеринска и Димитров, се бадијала! Каде се сега медиумските гавази на Немакедонската Влада, кои ги величаат капитулациите со Бугарија и Грција, да ги коментираат заканите на Каракачанов и Захариева? Нели ни беше загарантиран Македонскиот идентитет? Или според нив, треба и ова на Бугарите да им го попуштиме? После Илинден, Цар Самоил и Кирил и Методи уште да им направиме кеиф дека Гоце Делчев е Бугарин?

СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е! ЕМ РАСПРОДАДОВТЕ СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО, ЕМ ДОЗВОЛИВТЕ НА БУГАРИТЕ И ГРЦИТЕ И ДУШАТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДА ЈА БАРААТ! ТЕШКА ПОЛИТИЧКА КАЗНА ЌЕ ПЛАТИТЕ ЗА СВОИТЕ ГРЕВОВИ!

Македонската Алијанса ги повикува пратениците да иницираат итна тематска седница на Македонското Собрание на која ќе го активираат членот 13, точка 3 од Договорот за добро соседство со Бугарија и со заклучок еднострано да го раскинат.

ДА ПОКАЖЕМЕ ДОСТОИНСТВО И ИНТЕГРИТЕТ! ДА ПОЧНЕМЕ ДА СЕ ОСВЕСТУВАМЕ! НЕМА ДРУГ ПАТ ЗА СИГУРНА ИДНИНА ОСВЕН ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА СО СИТЕ ДРЕВНИ ОБЕЛЕЖЈА! НИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СОГЛАСИМЕ ДЕКА СМЕ ВЕШТАЧКА ТВОРБА НА ТИТО ОД 1944! МАКЕДОНЦИ СЕ СПОМЕНУВААТ ВО БИБЛИЈАТА, НИТУ ГРЦИ, НИТУ БУГАРИ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE