Општина Велес вчера издаде објава дека ќе прима понуди на заинтерсирани превозници за распределба на линии за превоз на патници на територијата на општина Велес за градската линија Автобуска станица Којник и назад, село Бузалково-Велес, село Бузалково и село Клуковец-село Бузалково-село Клуковец и село Сливник-Велес-Сливник, а за кои подолго време нема интерес кај регистрираните превозници.
Воедно распишана е и објава за линијата село Иванковци-Велес-село Иванковци, преку село Мамутчево, а за која досега имаше превозник.
Како што информира за МИА, Славица Перовска од одделението за сообраќај на Општина Велес, заинтересираните превозници, понудите треба да ги достават до Велес (Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ б.б. Велес) во рок од седум дена од денот на објавувањето на објавата.
-Се надевам дека овој пат ќе имаме заинтересирани превозници за овие линии, за кои постои голем интерес од месното население, а посебно за нова градска линија за месноста Којник, а која е лоцирано во високиот стар дел од градот, појаснува Перовска.
Таа појаснува дека објавата е согласно одлуката на Советот на Општина Велес, со која советниците на своја седниците изгласале кои се општинските линии за превоз на патници, на територијата на Општина Велес.