Работилници во Прилеп за бездомните кучиња

Прилеп е еден од ретките градови каде има организирано  уредно прифатилиште за бездомни кучиња, согласно со стандардите за изградба на објекти од ваков карактер. Ова го оцени британскиот експерт Брајан Болкнер, кој е во посета на Прилеп и на јавното претпријатие „Комуналец“ во чии рамки е отвореното прифатилиште за бездомни кучиња. Посетата на Фолкнер  е во рамки на соработката на Агенцијката за храна и ветеринарство со RSPCA, Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија.

Како што информираат од комуналното претпријатие, британскиот експерт ставил акцент на стручноста на квалификуваниот кадар кој работи во прифатилиштето.

Британскиот експерт Болкнер се сретнал со в.д директорот на прилепското комунално претпријатие Ирена Станкоска која информираше за функционирањето на прифатилиштетото за бездомни кучиња, отворено првпат пред крајот на 2018 година.

Во рамки на посетата на британскиот експерт Брајан Фолкнер се планирани три работилници, за практично заловување куче и неговиот пат во прифатилиштето: чипирање, земање крв за тест за Лајшманија, дехелминтизацијa, кастрација/стерилизација, вакцинација и обележување со ушна маркица, како и презентација и обука за правилно заловување куче со најнова, модерна и паметна опрема која прилепското прифатилиште ја набави овај месец.

Предавањето и дебатирањето е со претставници од повеќе градови: Штип, Демир Хисар, Гостивар, Кичево, Велес, Охрид и Куманово. Тридневните работилници треба да донесат предлози и заклучоци за решавањето на проблемот со бездомните кучиња.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *