Додека Зоран Заев си тера одмори, а другите министри од владата си тераат екскурзии на државен трошок, Тевдовски денеска ги задолжува граѓаните за нови 49 милиони евра.
За само 5 месеци СДСМ ја задолжува државата и граѓаните за над 317 милиони евра.
Почитувани,
Ова е третина милијарда за само пет месеци.
Очигледно нема пилот во авионот.
Замислете, освен задолжувања и криминал ништо друго не работи оваа влада на СДСМ.
Пробиена психолошката граница од над 5 милијарди, граѓаните секој ден се позадолжени за над 2 милиони евра.
Почитувани,
2 милиони евра секој ден ново задолжување во просек директно од Тевдовски и Зоран Заев.
Наспроти тоа нема нови капиталните инвестиции, само 6% во првиот квартал, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо ГУГЛ и ФЕЈСБУК, од странски инвеститори останаа само бизнис партнерите во бизнисот со марихуана на Заеви, а за жал граѓаните тонат во сиромаштија.
Очигледно е дека СДСМ не знае да ја управува државата. СДСМ со ваквите политики ја носат државата во провалија. Доказ за тоа е и оставката на почитуваниот нивен советник во финансии, Бранимир Јовановиќ кој на време препозна дека овој брод на СДСМ тоне и избега од министерството за финансии, нејќеше да им ги гледа маките. Самите кадри на СДСМ препознаваат дека Тевдовски и Заев не знаат што прават.
Граѓаните се на раб на егзистенција. Од една страна се задолжуваат државата и граѓаните, а од друга страна се покачуваат даноци, акцизи и сите останати режиски трошоци.
Апелираме, да прекине задолжувањето уште веднаш! Ова не смее да продолжи, се задолжуваат, а нема ниту еден реален проект.
Подготвени се за метла и Тевдовски и Заев и целиот економски тим на Владата. Оваа Влада на СДСМ се покажа како најнеспособна до сега. Затоа, што побрзо си замине, толку подобро за граѓаните.