Писмена реакција за провокацијата на Бугарскиот Академик Георги Марков

УШТЕ ЕДНА ШЛАКАНИЦА ОД БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ! НАШИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА СЕ ОСТВАРУВААТ! ПРЕДАВСТВАТА СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА СЕКОЈДНЕВНО ПРОДУЦИРААТ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ!

 

Бугарскиот Академик Георги Марков, кој е член на мешовитата Комисија за ревидирање на историјата, седи на иста маса со Македонските историчари, за Софиски „Труд“ изјавил дека Македонскиот е дијалект на Бугарскиот јазик. Употребата на Македонскиот јазик во Бриселската Спогодба за бегалците, според Марков е потврда дека ние сме требале да признаеме дека во основата на Македонскиот е Бугарскиот јазик само со многу „странцизми“. Бугарските националисти се на иста линија со Грчките радикали. Едните тврдат дека Македонците до 1944 беа Бугари а дури по таа година станаа Македонци, а другите пак, на официјалната страница на Грчкото МНР, ја застапуваат тезата дека ние сме  вештачка творба на Тито!

 

КАДЕ СЕ СЕГА СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО СЛАВАТ И ВЕЛИЧАТ ПРЕДАВСТВАТА? ЗОШТО МОЛЧАТ? НЕ ГИ БОЛИ КОГА НЕКОЈ ИМ ГО НЕГИРА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ? ИЛИ КОРИСТА ОД ИЗРОДИТЕ ИМ Е ПОВРЕДНА? КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ТОЛКУ ДА СИ ГО МРАЗИ СВОЕТО ПОТЕКЛО, ИСТОРИЈА И ИДЕНТИТЕТ?

 

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА УПОРНО ПОПУШТА И ГИ РАЗДАВА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

 

Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска нека излезат пред Македонската нација да објаснат што добивме ние што тие се согласија заедно со Бугарите да ги славиме Илинден и Светите браќа Кирил и Методиј? Ако од нивните спонзори беа принудени да попуштаат за историјата од 9-от век, што ли треба да очекуваме за настаните од 19 и 20 век?

 

ЗА ДА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ВРАТИ СЕ НАЗАД НЕОПХОДНИ СЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО 1 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ КОИ ПРВО ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ПРАТЕНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ! НОВ СОСТАВ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ЌЕ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО НА ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ОБЕЛЕЖЈА!

 

САМО СИЛНИ НАЦИИ ОБЕЗБЕДУВААТ СИГУРНА ИДНИНА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *