Ји: Политичка волја и во Скопје и во Атина за решавање на спорот за името

Американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји  смета дека има политичка волја и во Скопје и во Атина за решавање на спорот за името.

– Мислам дека Македонија има шанса во 2018 година конечно да го реши спорот  за името со Грција. Првпат по долго време има политичка волја и во Скопје и во Атина, и Македонија има шанса да ја оствари оваа цел, вели Ји во интервју за ТВ Н1.

Како што наведува, НАТО има политика на отворени врати, никого не присилува да стане членка, а оние земји кои ги исполнуваат  условите за членство се добредојдени.