Сите вие што останавте дома знам дека се ежите од помислата на тоа да се врати режимот на Груевски. Испраќам порака до вас, должност наша е родољубска и татковинска да ја обезбедиме државата и да ни оди напред, истакна премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп.
Тој порача изборите да бидат успешни и демократски.
– Конечно да бидеме одговорни граѓани и да донесеме одлука. На 5 мај е одлична можност да се избере иднината за да продолжи да оди државата напред, додаде Заев.