Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги посети населените места Центар Жупа и Ростуше.
Мицкоски истакна дека најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните во овие население места е токму иселувањето на луѓето, кои си заминуваат поради безперспективноста.
Тој посочи дека тука не минуваат приказните на Зоран Заев и Стево Пендаровски за некаква си розева слика и реалност и европската иднина која цело време ја ветуваат, но никако не може да ја донесат.
Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата, вели тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека овие луѓе живеат жално секојдневие, а уште пожална е нивната иднина со Заев и СДСм на власт.
Мицкоски истакна дека државата пропаѓа и се уназадува на секое поле, младите масовно се иселуваат, а на овие црнила мора да им се стави крај.
Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа, потенцираше тој.