Димитров и Османи во Берлин на средби со преставници на Бундестагот и на Владата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 9 и 10 април ќе престојува во работна посета на Берлин. Димитров утре ќе има средби со повеќе пратеници во германскиот Бундестаг, меѓу кои и со работната група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ, како и со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти МНР.

Во активностите на вториот ден од посетата ќе се вклучи и вицепремиерот Бујар Османи, при што планиран е заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го презентираат  напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската унија, во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ.

Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот и новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.