Општина Маврово и Ростуше доби ново возило, универзален ровокопач

Општина Маврово и Ростуше преку единицата за управување со Проектот за подобрување на општинските услуги, доби нов универзален ровокопач за повеќе намени.

По барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20.667 милиони евра.

Програмата ја имплементира Министерството за финансии и е администрирана од страна на Светска банка.

Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Набавка на универзални ровокопачи – натоварувачи за потребите на руралните општини“.

– Преку набавката на 10 ровокопачи, која е финансирана со средствата од ЕУ, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно одржување на инфраструктурата во руралните области. Ровокопачите се доделени на 10 општини кои во група со уште по две општини заеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект, соопштија од Општина Маврово и Ростуше.

Неведоа дека, ровокопачот кој е доделен на Општина Маврово и Ростуше, заеднички ќе го користат со општините Дебар и Центар Жупа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *