Амбасадорот на Европската унија во земјава, Самуел Жбогар денеска присуствуваше на средба со ученици од гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.
Повод беше и претстојното учество на ученици од ова училиште, како единствено од Северна Македонија, на дискусијата во Брисел за иднината на Европската унија. Додаде дека на денешната средба со учениците имал интересна дискусија и добри коментари.
-Имаше многу различни прашања од типот на климатските промени и влијанието на околината, Брегзит, кои се придобивките од вклучувањето на Северна Македонија во ЕУ, но и кои би биле недостатоците, рече амбасадорот Жбогар.
По средбата со учениците амбасадорот Жбогар се сретна со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и ја посети градинката „Детска радост“. Градинката е дел од ЕУ проект финансиран во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Европската унија со цел подобрување на заштитата на животната средина и користење на природните ресурси преу инвестирање во зелена инфраструктура и енергетско образование.
ЕУ амбасадорот присуствуваше на предавање на клучот од градот од страна на карневалистите на градоначалникот, како и на традиционаланата посна тримерска софра, која се приредува по повод завршувањето на карневалските празнувања во Струмица.