Ученичкиот дом во Свети Николе доби нов инвентар

 Заврши првата фаза од реконструкцијата на ученичкиот дом во Средното општински училиште(СОУ) „Кочо Рацин“ во Свети Николе. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски информира дека деновиве  во домот веќе е пристигнат новиот инвентар, чија вредност изнесува околу 850.000 денари.

Инвентарот вклучува нови кревети, со нови душеци, нови работни масички и столчиња, како и нови шкафчиња. Средното земјоделско училиште доби и нов трактор, што е неопходен за практична настава за средношколците.  Комплетната реконструкција на ученичкиот дом и едната учичишна зграда се очекува да почне во мај. Ова е еден од капиталните проекти, што се финансираат од Програмата на Министерството за образование,  вели Велковски.

За новата учебна 2019-2020 година најавени се и нови наставни програми во средното земјоделско училиште, што ќе бидат поатрактивни за идните средношколци од источниот регион.

Во моментов во ученичкиот дом се сместени 15 ученици, но со опремувањето и целосната реконструкција се очекува овој број да се зголеми, а исто така се очекува и да се потпише и меморандум за соработка со Славјанскиот универзитет, со цел и  студентите  да ги користат услугите на домот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *