Теохаропулос утре во Скопје на средба со Заев

Претседателот на грчката партија Демократска левица, Танасис Теохаропулос утре во Скопје ќе има средба со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, соопштуваат од партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохаропулос во грчкиот Парламент гласаше за ратификација на Договорот од Преспа и беше избришан од Движењето на промена, коалицијата на ПАСОК и Демократска левица, поради различниот став од она на лидерката и мнозинството пратеници на Движење на промена.