Писмена реакција за лидерската средба Заев – Мицкоски

ЛИДЕРСКИТЕ СРЕДБИ СЕ ПАЗАРЏИСКИ ФОРМАТ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МНОГУ ЧЕСТО ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД Е ЖРТВА НА СРАМНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ! СЕ ТРГУВАШЕ СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, СЕ ТРГУВАШЕ СО ПРАВДАТА, СЕГА СЕ ТРГУВА СО РЕФОРМИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ! ВИДОВМЕ ОД АМНЕСТИЈА НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ДО ДЕЛУМНА АМНЕСТИЈА ЗА ПРЕДАВНИЧКИ ГЛАСОВИ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

ДОСТА Е! ЕУ, НАТО ИЛИ ИДНИНАТА НА СЈО СЕ САМО ПАРАВАН! ЛИЧНИТЕ И ТЕСНО ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ СЕКОГАШ ИМ СЕ НА ПРВО МЕСТО!

Претседателските избори се можност за граѓаните да испратат порака до немакедонската Влада. Но фактот што и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се затскриваат зад наводни натпартиски кандидати, и едните и другите ќе се обидуваат резултатот да им го стават на товар на „жртвените јагниња“. Нивен е изборот за девалвирање на функцијата Претседател на Републиката!

НА ТАТКОВИНАТА И СЕ ПОТРЕБНИ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! ПРЕТХОДНО МОРА ДА СЕ ВОВЕДЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ. ИДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ТРЕБА ПРВО ДА БИДАТ ЛОЈАЛНИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А НЕ ДА ИМ РОБУВААТ НА ЛИДЕРСКИТЕ ИЛИ ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ШАНСА ЗА КОНЕЧНО ДА ЈА ИСПОРАЧА ФАКТУРАТА ЗА ПРЕДАВСТВАТА И ПОНИЖУВАЊАТА! СИТЕ ЌЕ ГО ДОБИЈАТ ТОА ШТО ИМ СЛЕДУВА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *