Владата на денешната седница беше информирана за поднесните иницијативи за започнување на постапка за доделување концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини во општините Неготино, Студеничани, Штип и Сарај, како и општините Прилеп и Долнени.
На денешната седница Владата ја усвои и информацијата за исполнетост на условите на Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИЦАЛ 420 увоз-извоз ДОО Битола, за вршење на дејност одгледување на коноп за медицински цели.