НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ ОДНЕСУВА ДУШМАНСКИ КОН СОПСТВЕНАТА ТАТКОВИНА И НАРОД!
ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ КОИ МОЖАТ ДА СЕ РАДУВААТ НА ПРОМЕНА НА СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ! СО ТОА, ПО СОПСТВЕНА ВОЛЈА И УБЕДУВАЊЕ, СЕ СТАВИЈА ВО РЕДОТ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ИСТОРИСКИ МУ НАНЕЛЕ НАЈГОЛЕМА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
НИШТО НЕ БОЛИ ПОВЕЌЕ ОД ТОА КОГА СИ СВЕДОК КАКО ИЗРОДЕНИ МАКЕДОНЦИ ДЕЈСТВУВААТ СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД!
Македонскиот народ истрпел многу тешки и болни неправди низ вековите. После историскиот зулум со Букурешкиот Договор, од 1918 до 1941 во Егејска Македонија освен асимилирањето на нашите браќа и сестри насилно се сменети називите на 1536 населени места. Од независна и суверена Република Македонија, од друга Влада на СДСМ, без да биде прашан Македонскиот народ ни беше сменето знамето со сонцето од Кутлеш, беше сменет Уставот и ни беше наметната срамната референца ПЈРМ. Сега, откако народот на референдум се спротистави на Северна Македонија, немакедонската Влада реши присилно да ја преименува сопствената Татковина. Отиде толку далеку како ниту една владејачка структура претходно!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ ЧУВСТВУВА ПОНИЖЕНО ЗАТОА ШТО СЕКОЈДНЕВНО СЕ СООЧУВА СО НАЦИОНАЛНИОТ ПОРАЗ! ЗАТОА НЕ Е ВООПШТО СЛУЧАЈНО ШТО ОСТВАРУВАЊЕТО НА СТРАТЕШКИОТ ИНТЕРЕС ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО НЕ ПРЕДИЗВИКУВА ЕУФОРИЈА. НЕ МОЖЕ НАТО ДА БИДЕ ЛЕКОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА, ДЕВАЛВИРАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА, АМНЕСТИЈАТА И РАЗДАВАЊЕТО НА СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАЛ, НЕМА НИ СЕГА!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА