Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе прими делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој Валдрин Лука.
Бектеши и Лука ќе одржат работен состанок и ќе потпишат Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор меѓу двете министерства.