Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба со истакнати личности и активисти на македонската заедница во Албанија.
На средбата, одржана во просториите на Амбасадата, присуствуваа претставници на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на повеќето друштва, како и други активисти.
– Од наша страна амбасадорот го запознавме со активностите што се во тек, како и оние што планираме да ги реализираме. Амбасадорот Марковски ја претстави Програмата на активности на амбасадата во однос на Македонската заедница во Албанија за 2019 година, изјави за МИА, Васил Стерјовски претседател на македонското друштво „Сонце“.
Според него, ова е првпат амбасадата да информира за своите планирани активности за Македонската заедница за календарската година.