Протоколот за НАТО е нешто што Македонија одамна го заслужи. Повеќе од една деценија Македонската Армија е дел од сите мировни операции на Алијансата. Одамна ги исполнивме сите безбедносни реформи. Од 1991 до 2019, спротивно на меѓународното право, спротивно на било каква универзална демократска вредност не уценуваа и ни го бараа најсветото, името и идентитетот. Ниту една претходна Влада не отиде толку далеку како актуелната! Затоа, и покрај сите напори на немакедонската Влада, потпишувањето на НАТО протоколот не предизвикуваа еуфорија кај Македонскиот народ! Напротив, Македонците се понижени и со нарушено достоинство! Колку и да позитивна интеграцијатата во НАТО, таа едноставно не може да биде лек за предавството на Македонските национални интереси! Граѓаните се свесни дека Заев, Димитров и Шекеринска ја платија највисоката можна цена, за која не добија ниту мандат, ниту овластување! Дејствуваат спротивно од волјата на Македонскиот народ.

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НАШИОТ ПАТРИОТИЗАМ ДА БИДЕ ОЦРНУВАН И ИЗЕДНАЧУВАН СО НЕКАКВО ЛАЖНО РУСОФИЛСТВО! МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА Е НАЈАМЕРИКАНСКАТА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!

НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ГРЕВ ДА ГО БРАНИШ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ, А ТРИУМФ ДА Е ДВОЈАЗИЧНОСТА, ДЕВАЛВИРАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА, АМНЕСТИЈАТА И РАЗДАВАЊЕТО НА СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО!

ЕУ И НАТО СЕ И НАША ЦЕЛ, НО НЕ ОБЕЗЛИЧЕНИ, СО НАМЕТНАТ НОВ ВЕШТАЧКИ ИДЕНТИТЕТ И ЛАЖНА ИСТОРИЈА! ПРЕДАВСТВОТО НЕ Е ДИПЛОМАТСКА ПОБЕДА! И БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ДОБИЈА СЕ ШТО БАРАА!

СЕГА ДОПРВА ЌЕ БОЛИ! ЌЕ ПОЧНЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРЕДАВСТВОТО! СЕКОЈДНЕВНО ЌЕ СЕ СООЧУВАМЕ СО НАЦИОНАЛНИОТ ПОРАЗ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАЛ, НЕМА НИ СЕГА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE