Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи продолжението на 77-та седница на чиј дневен ред се предлог законите за спречување на корупцијата и судирот на интереси и за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, и двата по скратена постапка и поднесени од пратеници од власта.
На дневен ред на седницата се и предлог законите за прекршоци, за Судскиот совет, за управни спорови, и за извршување на санкциите, како и за изменување и дополнување на Законот за судовите, петте во прво читање.