Бразилецот во дресот на Ливерпул, Роберто Фирмињо, игра во извонредна форма оваа сезона. Едноставно е незадржлив кога се работи за постигнувањето голови. Во ваква форма би го посакал секој европски клуб, но барем досега не се знаеше мотивот за тоа. Сепак на виделина излегоа бонусите кои Ливерпул му ги загарантира во договорот, па кога ќе се видат бројките станува јасно зошто Роберто на секој натпревар го дава максимумот.
Имено, првите пет постигнати гола, му носат на Фирмињо секој по 25000 фунти. Од шестиот до десеттиот погодок, му носат по 45 000 фунти, а за секој погодок над единаесет добива 65 000 фунти. Но тоа не е се. Со оглед на тоа што Фирмињо веќе надмина 16 голови, отсега секој погодок ќе му носи по 85 000 фунти.
Добра мотивација зарем не?