Членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците.
– Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, рече Адеми.
Претседателот на СС, Караџовски рече дека сите знаат дека Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.
-Јас имам намера да го почитувам Уставот на РМ и законите и нема да се чека последниот рок, рече тој.
Караџовски ирази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.