Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесоа законски измени за зголемување на пензиите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата денеска во Собрането на Република Македонија ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се предвидува да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите.

Со овој предлог закон пензионерите ќе го добијат заслуженото покачување на пензиите.

Тие заслужуваат подобар и подостоинствен живот.

Со овие законски измени ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери.

Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување.

Власта брутално ги изманипулира и си поигра со пензионерите.

Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пезиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за пензинерите.

ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е на власт или во опозиција секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните.

Со прифаќањето на овој предлог закон, ќе се подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани.

Би сакале да ги повикаме и пратениците од парламентарното мнозинство, да работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на Владата и да ги поддржат овие законски измени.

Пензинерите заслужуваат достоинствена и спокојна старост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *