Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение.
Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засеганти страни и без кој било да биде оштетен.
Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на пазарите на заедничка маса да дискутираат со цел да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.
Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, се работи за решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да заработи денар повеќе, но и решение кое истовремено ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.