НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СТАНУВА ОЧАЈНА ВО МАНИПУЛАЦИИТЕ! ДОДЕКА ДИМИТРОВ НА ИНТЕРВЈУ ЈА МАФТАШЕ ЈАВНОСТА ДЕКА СО ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ СМЕ СТАНЕЛЕ ТАКВИ СОЈУЗНИЦИ ШТО ОНОЈ КОЈ ЌЕ НЕ ЧЕПКАЛ НАС, ЌЕ ЈА ЧЕПКАЛ И ГРЦИЈА, МИЦОТАКИС НИ ИСПРАТИ СУРОВ ПОЗДРАВ! ИДНИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР НАЈАВИ ВЕТО ЗА НАШЕ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!
Македонската Алијанса упорно предупредува дека тврдењето на Заев, Димитров и Шекеринска дека црниот проект за промена на Уставното име и обезличување на Македонскиот народ е гаранција за експресни евроатлански интеграции е лага.
Факт број 1: Македонија со мудра политика и опстојувањето на меѓународните норми ќе обезбедеше полноправно членство во НАТО Алијансата без предавство на националните интереси. Тоа можеше да се случи согласно Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Колку и долго да траеше таа правно-политичка битка, Македонија е заштитена со билатералниот стратешко-безбедносен договор со САД, склучен веднаш после противправното вето на Караманлис и Бакојани во Букурешт. Дополнително, Македонија повеќе од една деценија се однесува како полноправен член и АРМ е дел од сите мировни мисии на Алијансата.
Факт број 2: Немакедонската Влада многу добро знае дека членството во НАТО многу малку влијае врз економскиот развој и дека клучните очекувања за инвестиции и подобрување на животниот стандард се од преговорите и членството во ЕУ. Од оваа перспектива, согласно заканите на Мицотакис и предвидувањата дека на Европските избори ќе победат Евроскептиците, ЕУ е многу далеку!
Факт број 3: Бугарија и Бојко Борисов за кој Зоран Заев тврдеше дека е негов најголем поддржувач, после срамниот Договор за добрососедство ги снема. Единствено кон Македонија се испорачуваат закани од контроверзниот Министер за одбрана, Каракачанов, од кој Бугарската Влада ниту еднаш не се огради. Информациите од заедничката комисија за ревидирање на Македонската историја потврдуваат дека Договорот не решил ништо! Напротив, Бугарија продолжува да го негира Македонскиот идентитет и сака да ја присвои Македонската историја. Заканите за Бугарско вето исто така се реални!
ДОСТА СЕ ОБИДУВАТЕ ПРЕДАВСТВОТО ДА ГО ПРЕТСТАВИТЕ КАКО ТРИУМФ! СЕ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ ИЗБОРИ ЗА СОПСТВЕНАТА ИДНИНА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА