Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

 По тридневна, на моменти жестока, дебата грчкиот Парламент попладнево даде зелено светло за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Со прозивање, сите 300 пратеници поединечно се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Според информации на дописничката на МИА од Атина, 153 пратеници гласаа „за“, еден „воздржан“ и 146 „против“. Во тек е пребројувањето на гласовите, по што спикерот на Парламентот ќе ги соопшти официјалните резултати од гласањето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *