Писмена реакција за Уставните амандмани

ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДАНИ УШТЕ ПОВЕЌЕ ГО РАЗГОЛЕ ПРЕДАВСТВОТО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! НИТУ ФРЧКОСКИ НЕ САКА ДО КРАЈ ДА ГО ОДБРАНИ РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! И НА УСТАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ИМ Е ЈАСНО ДЕКА ЗАДОВОЛУВАЊЕТО НА УЦЕНИТЕ НА ГРЧКИТЕ РАДИКАЛИ НЕМА ВРСКИ СО ПРАВОТО И ПРАВНИТЕ НОРМИ! ЗАТОА НЕ САКААТ ДА БИДАТ СОУЧЕСНИЦИ ВО СРАМНИОТ ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЕКТ НА ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

Сега е јасно дека тоа што го ветиле Заев, Димитров и Шекеринска и е содржано во Преспанскиот договор е невозможно да се спроведе во пракса. Едноставно Уставните измени не можат да се стават во одржливи правни норми. Затоа и еден Фрчкоски кој е поддржувач на Заев не сака до крај да се брука па јавно вели дека Охридскиот Рамковен Договор не може да биде дел од Преамбулата бидејќи е склучен 2001, а сега се додава како конститутивен елемент на Државата реферирајќи на сите одлуки од 1903 до 1991. И неговата теза всушност е дека немакедонската Влада ја фалсификува историјата. Откажувањето од нашите браќа и сестри во регионот никој не се нафаќа да го брани, бидејќи е класично брутално предавство на Македонците кои преживуваат со децении пекол, а никогаш не се откажаат од својот идентитет!

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА УШТЕ ЕДНАШ ГИ ПОВИКУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА РАЗМИСЛАТ ДАЛИ ВРЕДИ ЗА КАРИЕРИТЕ НА ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ ДА ОДАТ СО НАВЕДНАТИ ГЛАВИ И ДА ИМ НАНЕСАТ ТЕЖОК СРАМ НА СВОИТЕ СЕМЕЈСТВА И ПОКОЛЕНИЈА! НИТУ ЕДЕН ПОЛИТИЧАР НЕ Е ИЗБРАН ЗА ДА ЈА ИГНОРИРА ВОЛЈАТА НА ТИЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПРЕТСТАВУВА! И НА СИЛА ДА ГИ ПОМИНАТ АМАНДМАНИТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ГО ПРИФАТИ ПРЕДАВСТВОТО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА