Денеска во 17 часот, ќе се одржи седница на Собранието на КФМ, на кое ќе биде разгледувана актуелната ситуација во која се наоѓа македонската кошарка. Иако не е на дневниот ред, на оваа седница лесно би можела да биде додадена и точка за гласање доверба или недоверба на актуелниот претседател на КФМ, Петар Наумоски.
Минатата година популарниот “Пеце” успеа да “преживее” еден “пуч” предводен од МЗТ Скопје Аеродром и Куманово, но тешко дека би можел да “преживее” уште еден. Ситуацијата е следна. Клубовите се незадоволни од неговото владеење и му свртеа грб, а поддршката ја загуби и од здруженијата кои тој ги формираше односно реафирмираше. И голем број спортски работници и делегати повеќе не се на негова страна.
Значи за очекување е дека Наумоски би можел денес да падне од тронот, а за негов наследник се борат Даниел Димевски и Владо Илиевски.