-Унгарскиот европратеник од партијата на Зелените, Бенедек Јавор, во разговор со МИА вели дека бегството на Никола Груевски во неговата земја отвора многу политички и правни прашања за владата на Орбан, како и ризик од нов конфликт за Унгарија со ЕУ.
Господине Јавор, која е вашата проценка за бегството на Груевски во Унгарија?
Ова е многу чуден потег од македонскиот лидер да дојде во Унгарија, ова може да предизвика огромен проблем за унгарската влада исто така. Според унгарските домашни закони и европските нема начин да му се даде политички азил на господинот Груевски. Делумно затоа што Македонија за Унгарија важи за безбедна трета земја, бегалците кои пристигнуваат од Македонија треба да бидат вратени во Македонија бидејќи се смета за безбедна земја. Што исто така значи дека нема начин македонските граѓани не можат да се сметаат за политички бегалци и да им се даде азил. Дополнително се поставува прашањето како ова се случи и како Груевски пристигна во Унгарија? Ја имаме таа неславна ограда на границата. Според медиумите Груевски пристигнал без документи, без валиден пасош, така што ако оградата навистина ги “брани“ Унгарија и Европа тогаш таа требала да спречи некој без валидни документи и Груевски треба да се наоѓа во транзит зоната на границата и да е предмет на офиицјални процедури. Ова не се случи и за мене ова го става во прашање функционирањето на целиот систем. Некој без валидни документи може без проблем да влезе во Унгарија.
Сега тој е во Унгарија и ова создава тешка состојба за унгарската влада затоа што сметам дека е правна гледна точка Груевски треба да биде вратен во Македонија и македонските власти треба да се справат со овој случај.
Се разбира знаеме дека има близок однос и пријателство помеѓу Орбан и Груевски, така што сомневам дека ова ќе се случи.
Но ако не се случи, се отвораат правни прашања и делумно е јасно дека е одлука на владата да застане зад Груевски, што значи дека можеби им служат на руските интереси против јасни позиции на НАТО и ЕУ. Можеби е исто така одлука на владата да се одлучи помеѓу руската и европската ориентација. Ова е комплексна ситуација.
Трета можност е да не му се даде политички азил туку да се задржи во Унгарија одреден период додека пронајде побезбедно место за себе и тогаш некако да се пушти да стаса во земја надвор од ЕУ, што е решение во кое Унгарија не му дава политички азил затоа што тоа би и создало многу проблеми, а сепак да му помогне на Грусвки да ги избегне правните последици во Македонија.
Избега без пасош, мислите дека Орбан лично му помогнал?
Немаме докази за сега за тоа. Јасно е дека се поставува прашањето: како пристигнал во Македонија. Се отвора прашањето што направиле или не направиле српските власти. Што се однесува до Унгарија единственото прашање е како влегол во земјата? Официјално тој не може да е таму. Требаше да биде сопрен. Или стигнал преку автопатот и таму има гранична контрола и требало да биде сопрен. Или пристигнал преку зелената линија каде ја имаме неславната ограда. Се отвора прашањето : или унагрските власти намерно го пуштиле да влезе и покрај тоа што немал валидни документи, или унгарските власти не го виделе, што значи дека секој може да влезе во земјата без контрола. Тогаш за што служи оградата?
Ќе предизвика ли ова внатрешни политички проблеми во Унгарија?
Се разбира опозицијата го отвора прашањето но не очекувам ова премногу да ја загрози владата. Но може да создаде сериозен проблем со Брисел. Ова што се случи е веќе многу дискутабилно од европска перспектива. Зависно од тоа како унгарските ќе власти ќе се справат со случајот, ситуацијата може да се влоши и да отвори сериозна загриженост од страна на европските институции, посебно Европската Комисија.
Знаејќи колку бавно Европската Комисија реагира на проблемите со владеењето на правото во Унгарија, мислите дека ќе го отворат ова прашање?
Европска Комисија треба да го отвори прашањето затоа што ги загрозува темелните европски безбедносни интереси. Ова е сериозен и страшен политички проблем со важни легални аспекти и тие две работи се доволни за Комисија да преземе чекори за да го разјасни прашањето и да притисне за тоа дека единствено прифатливо решение е да се врати Груевски во Македонија. ЕК секогаш прво се обидува да ги реши проблемите без да се инволвира јавноста, но верувам дека веќе денеска ЕК е во контакт со унгарските власти и го отвора прашањето.
Ја споменавте Русија прееска, мислите дека има руска вмешаност во овој случај?
Немаме докази, не мора да значи дека има директно руско влијание, но знаеме дека Груевски има силни и добри односи со Русија, Орбан исто така. Теоретски ова можеше да се случи без руска поддршка, може да е приватна акција на Груевски без воопшто да дискутирал со унгарските власти, но не верувам во оваа теорија. Унгарските власти во најмала рака биле инволвирани. Знаеме дека Русија користи “прокси„ држави за да решава или презеде акции што им одговараат. Мислам дека е можно целата акција да е планирана во Русија, ова е можност но повторно немаме докази за такво нешто. Она што е јавно е дека Груевски побегна во Унгарија и понатамошното управување со случајот од страна на Унгарија ќе ни даде идеја што навистина се случило. Ако е испратен назад во Македонија набргу, тогаш е знак дека е приватна акција на Груевски без голема инволвираност на Унгарија или Русија. Но ако доведе до спас на Груевски од правни последици тогаш се зајакнува идејата дека сето ова е планирано и е заедничка акција на повеќе земји и можеби разузнавачки служби.
Токму кога Орбан се обидува да ги смири односите со ЕУ, се случува ова, дали Груевски пристигнува во непогоден момент за унгарската влада?
Не е најдобар момент за Орбан, точно, само ако навистина сака да ги смири односите со Европа. Никогаш не се знае со него. Може и да подготвува нов конфликт со Брисел, што би бил евтин конфликт затоа што нема опасност за некои големи унгарски интереси. Но може да е акцја на ингарската влада што ќе може да се презентира пред унгарската јавност како борба со ЕУ за да се спаси некој нивен “добар тип“. Но не е најдобар момент за Орбан сега. Искрено, тој е екстремно прагматичен политичар и ако оцени дека цената е превисока ќе го издаде и најдобриот пријател. Груевски не треба премногу да има доверба дека Орбан ќе го штити по секоја цена. Нема да го спаси ако не му е во интерес.