Министерството за правда ја комплетира документацијата за екстрадиција на Груевски

Во Министерството за правда е пристигнато известувањето од Министерството за внатрешни работи дека поранешниот премиер Никола Груевски се наоѓа во Унгарија.

Од Министерството за правда информираат за МИА дека во моментов се работи на комплетирање на потребната документација за неговата екстрадиција во Македонија.

Груевски е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Тој во петокот требаше да се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, но побегна во Унгарија. Информацијата на неговото заминување во Унгарија тоју вчера ја објави на својот Фб профил, а подоцна беше потврдена и од МВР. Во моментов полицијата има распишано меѓународна потерница по него. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *