Одржан Вториот македонски фолклорен фестивал „Сонце 2017“

Во организација на македонскиот културен Центар „Сонце”, во албанскиот град Корча, се одржа вториот македонски Фолклорен фестивал “Сонце 2017”.

На оваа пригодна манифестација на која се пееја и играа македонските песни и ора настапија фолклорната група од училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” од Пустец и Владмир Насто млад и надежен пејач од Шулин, Мала Преспа.

Од Република Македонија настапи фолклорниот ансамбал „Мислешево” од Струга, како и познатите пејачи на македонската народна песна, Круме Спасовски, Атина Апостолова и Вики Среброва.

– Целта на фестивалот е да ги истакне вредностите на македонската традиција и култура, да се чуе македонската песна и оро и да се види прекрасната македонска народна носија. Ќе продолжиме со оваа манфестација, која веќе станува традицонална, а до година  ќе настојуваме да учествуваат и македонски фолклорни групи од соседните земји, изјави Васил Стерјовски во име на организаторот.

Тој посочи дека двочасовниот настан ќе биди емитуван во целост на ТВ Корча и на вториот канал на Државната албанска телевизија, кој од 25 септември годинава почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи и емисии на македонски јазик.