ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА “ТРГНА” ПО ГВАРДИОЛА

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е на удар на шпанската полиција, која бара налог за да го приведе. Причината поради која шпанските власти го бараат познатиот тренер е неговиот говор во кој јавно повика на отцепување на Каталонија од Шпанија.

Гвардиола е осомничен дека бил дел од групата чија цел била да мобилизира што повеќе луѓе кои би го бранеле отцепувањето на оваа шпанска провинција.

Тренерот на Манчестер Сити, два месеци носи жолта лента на прес-конференциите кои ги држи, која претставува симбол на отпорот и поддршка на каталонските политички затвореници.

-Се додека се таму ќе ја имаат мојата поддршка и сите мои победи ќе им бидат посветени на тие луѓе – изјави Гвардиола.

SHARE