На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде организиран студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“ на кој ќе говорат студентите.
Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија.
– Митингот е со цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата забрзано да се имлементира концептот за медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование, соопшти Студент ФМ 92.9.