Регионална конференција „Инклузија на Ромите по Декадата на Ромите:Тековна состојба и предизвици“

Дводневна  регионална конференција на тема „Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите: Тековна состојба и предизвици“ ќе започне денеска во Скопје во организација на канцеларијата на Народниот правобранител  со финансиска поддшка на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија.

Како што информираат од канцеларијата на омбудсманот, конференцијата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети и Даниела Будинова, вршител на должност амбасадор на Република Бугарија. Согледувањата на Народниот правобранител за состојбите во оваа област низ годините ќе ги презентира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, додека  резултатите од спроведеното истражување ќе ги претстави државниот советник Драги Целевски.

За „Согледувањата и искуствата на надлежните институции во Република Македонија“ ќе зборуваат, Аксел Ахмедовски министер без ресор, Арабела Илјаз проектен координатор од Министерството за образование и наука,  Сенат Мемеди од Министерството за здравство и Вељка Јуран од Агенцијата за вработување.

Искуствата од спроведувањето на Декадата на Ромите од земјите од регионот ќе ги презентираат претставници од омбудсман институциите од Србија, Хрватска, Албанија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *