Билатералните односи меѓу Чешката Реублика и Република Македонија се одлични, без отворени прашања и одвиваат во интензивна комуникација. Чешката Република и понатаму ќе дава силна поддршка на евротлантските интеграции на РМ, бидејќи државите од Западен Балкан се многу важни за Европа и претставуваат нејзин природен дел, истакнал чешкиот премиер Андреј Бабиш, на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.
Премиерот Бабиш, како што соопштија од прес-службата на македонското Собрание, на средбата што со џафери ја имаше во рамки на неговата посета на Чешката Република, се заложил за посилна економска соработка меѓу двете земји, поголеми чешки инвестиции во РМ, како и подинамична работа на Мешовитата комисија за економска соработка при Стопанската комора.
Двајцата соговорници изразиле взаемно уверување дека одржувањето на континуирана соработка на сите нивоа ќе придонесе кон јакнење на билатералните односи, нивна надградба и унапредување.
Во однос на миграциските движења, Бабиш посочил дека Република Македонија беше држава која прва се соочи со напливот на мигранти од Сирија и која успешно се справи со менаџирањето на овој предизвик.
Џафери го запознал соговорнкот со актуелната состојба во РМ, особено за процесот на пристапување кон измена на Уставот на РМ, како и преземените чекори кон унапредување на соработката со соседите, особено потпишувањето на договорите со Република Бугарија и со Република Грција.
– Отворањето на процесите за интеграција на РМ во ЕУ и НАТО резултираше со започнување на скринингот со ЕУ минатиот месец и стартот на пристапните разговори со НАТО минатата седмица. Сите државни иснтитуции во РМ посветено работат на финализирање на овие стратешки цели за државата, кои едновремено имаат силна поддршка од огромен процент на населението во РМ, посочил Џафери.
Во однос на мигрантската криза, претседателот на Собранието упатил искрена благодарност за конкретната помош, за логистичката поддршка на чешките полицајци на македонско-грчката граница кои секојдневно придонесуваат за стабилноста. Во тој контекст, претседателот Џафери ја реафирмираше благодарноста за помошта и поддршката на Чешката Република, која заедно со Унгарија, Полска и Словачка како држави членки на Европската унија и на Вишеградската група, и пружија максимална помош на Република Македонија во справувањето со мигрантскиот бран.
Во составот на нашата делегација се и пратениците Јагода Шахпаска, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Чешката Република, Теута Билали и Владанка Авировиќ, членови на Групата.