Светската фудбалска куќа, ФИФА, обезбеди рекорден награден фонд вреден 791 милион долари за учесниците на претстојното Светско фудбалско првенство. Оваа сума е многу поголема отколку онаа што беше одвоена за учесниците на СП во Бразил 2014 година.
Секој учесник на СП во Русија ќе добие по 8 милиони долари, а сите репрезентации кои ќе ја минат групната фаза и ќе се пласираат во 1/16 финалето ќе инкасираат дополнителни 12 милиони долари.
Се разбира најмногу ќе заработат финалистите. Шампионот ќе добие награда од 38 милиони евра, а поразениот десет помалку.