МУНДОБАСКЕТОТ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ

Светското првенство во кошарка, во 2023 година ќе се одржи во повеќе држави.

Следејќи ги позитивните искуства во Еуробаскетот и Афробаскетот, ФИБА одлучи Светското првенство во кошарка во 2023 година да се одржи во повеќе држави, кои ќе бидат коорганизатори на истото.

-Уверени сме дека оваа формула ќе има функционалност и на начето најголемо натпреварување – изјави претседателот на ФИБА, Патрик Бауман.

Во конкуренција за организатори на споменатото светско првенство се од една страна Аргентина и Уругвај, а од друга страна како кандидати за коорганизација се наоѓаат Индонезија, Јапан и Филипини.

Одлуката кој ќе биде домаќин на СП 2023 година, ФИБА ќе ја донесе на 9. декември.