НОВИ СУСПЕНЗИИ ЗА РУСКИТЕ СПОРТИСТИ

Меѓународниот Олимписки Комитет суспендираше уште шест руски спортисти кои се покажаа како позитивни на допинг тестот на Зимиските олимписки игри во Сочи 2014 година.

На неодредено време суспендирани се Александар Третјаков, Елена Никитина, Марија Орлова и Олга Птилчина. Суспензија добија и двајца спортисти во крос-контри.

Истовремено со суспендирањето, на Третјаков ќе му биде одземен златниот, а на Никитина бронзениот медал освоен на овие ЗОИ.

Одлуката за тоа дали руските спортисти ќе учествуваат на ЗОИ во Пјонгченг 2018 година, ИОК ќе ја донесе на 5. декември.